Триесет и четиригодишник од село во општината Старо Нагоричане бил приведен по пријава дека со тврд предмет ја нападнал својата сопруга.
– На 19.07.2026 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (34) од село во општина Старо Нагоричане затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата 31 – годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

