Франција се бори со пожари: Изгореа речиси 40.000 хектари, десетици куќи уништени

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денес изјави дека шумските пожари во Франција изгореле нешто помалку од 40.000 хектари ниска вегетација и шуми и дека 111 осомничени се уапсени за палење.

„Неколку пожари избувнаа во неделата, а се издвојува пожарот во Трињак, во Лоара-Атлантик, каде што изгореа шест куќи. Пожарот се прошири на околу дваесет хектари во приградската област каде што беа испратени два противпожарни авиони во неделата. Пожарот е локализиран“, рече Нуњез, пренесува Фигаро.

Според францускиот министер за внатрешни работи, во Тарадо, северозападно од заливот Сен Тропе во департманот Вар, изгореа десет куќи, а околу педесет беа оштетени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку заработува еден лекар во Германија? Специјализант го објави својот платен список! (ВИДЕО)

Во понеделник, метеоролошката служба на Франција прогласи „висок ризик од пожар“ во 27 департмани, а во шест беше прогласено портокалово ниво на тревога поради топлотниот бран.

„Претстојната недела ќе биде недела со прилично сериозен ризик за целиот југозапад и југоисток. Се наоѓаме во донекаде исклучителна ситуација со исклучително силна суша, изобилство вегетација и често силни ветрови, што може да предизвика пожарите да се шират многу брзо“, предупреди Нуњез.