Црвен крст Куманово повикува 50 крводарители за регионална акција во Скопје

Сподели со своите пријатели

Црвен крст Куманово ги повикува граѓаните да се приклучат на летната регионална крводарителска акција што ќе се одржи на 27 јули во Домот на АРМ во Скопје.

Од кумановската организација информираат дека потребно е учество на 50 крводарители, за кои ќе бидат обезбедени организиран превоз, храна и освежување.

Поаѓањето е предвидено во 08:00 часот пред зградата на Црвен крст Куманово, додека враќањето е планирано околу 12:00 часот.

 

 

Од Црвен крст посочуваат дека акцијата се организира поради намалениот број на крводарувања во летниот период, со цел да се обезбедат стабилни резерви на крв и навремено да се одговори на потребите на здравствените установи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово денеска и утре без струја

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку онлајн формуларот на Црвен крст Куманово или на телефонскиот број 031/424-179.

Од организацијата упатуваат апел до хуманите граѓани да се приклучат на акцијата и со дарување крв да помогнат во спасување човечки животи.

Никола Ивановски