Седумгодишно дете било провредено откако во него удрил мотор управуван од 32-годишник од Куманово.
– На 18.07.2026 во 13:27 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата “Бранко Богдански Гуцман” во Куманово се случила сообраќајна несреќа, во која мотоцикл „бмв” со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во седумгодишно дете, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со повреди се здобило детето и било пренесено во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.
– Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски

