Утре 15. седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре (16 јули) ќе ја одржи 15. седница, која ќе започне во 12:00 часот во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.

Пред советниците ќе се најдат вкупно 13 точки на дневниот ред, меѓу кои доминираат предлог-одлуки за поништување и повторно објавување на јавни повици за избор на членови во управните и надзорните одбори на неколку јавни претпријатија.

Станува збор за јавните претпријатија „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Пазаришта“, „Куманово-паркинг“, „Куманово-гас“ и „Куманово-план“, за кои најпрво ќе се разгледуваат одлуки за поништување на претходните јавни повици, а потоа и одлуки за нивно повторно објавување.

На дневен ред е и Предлог-одлука за давање согласност на Предлог-годишниот план за вработување за 2027 година на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово.

Целосниот дневен ред во продолжение:

1. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 01/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Присвоил керамички сад од Алгуња кој бил културно наследство, доби кривична

2. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 02/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 3 (три) членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

3. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 03/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 2 (два) членови на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;

4. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 04/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор и 2 (два) членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Куманово – паркинг“ – Куманово;

5. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 05/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Командата на SEEBRIG по шест години ја заврши мисијата во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

6. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 06/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово – план“ – Куманово;

7. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 01/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;

8. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 02/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 3 (три) членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

9. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 03/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 2 (два) членови на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Старо Нагоричане ја нападнал мајка си, полицијата го привела

10. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 04/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор и 2 (два) членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Куманово – паркинг“ – Куманово;

11. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 05/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ – Куманово;

12. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 06/26 – повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово – план“ – Куманово;

13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово.

Никола Ивановски