Играорци од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан и Србија на фестивал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од 16 до 19 јули ќе биде домаќин на седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, кој и годинава ќе донесе богата програма со учество на ансамбли од шест држави.

На фестивалот ќе настапат фолклорни ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија, кои преку традиционални игри, песни и народни носии ќе ги претстават културните богатства на своите земји.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 16 јули во Куманово.

Фестивалските активности ќе продолжат на 17 јули во Скопје, а на 18 јули програмата ќе се одржи во Кратово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел мотор со 1,55 промили алкохол

Завршната фестивалска вечер ќе се одржи на 19 јули, повторно во Куманово.

Организатор на настанот е КУД „Панче Пешев“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски