Осум будистички монаси беа убиени, а повеќе од 20 лица беа повредени кога пикап управуван од 11-годишно момче налетал на нив за време на поклонение во североисточната тајландска покраина Мукдахан, соопштија денес локалните власти.
Жртвите биле дел од група од 34 будистички монаси и пет лаички верници кои оделе од еден храм во покраината Мукдахан до друг во соседната покраина Убон Рачатани, изјави гувернерот на Мукдахан, Ворајан Бунарат, на прес-конференција, според Ројтерс.
Според него, пет монаси починале на лице место, додека тројца други подоцна им подлегнале на повредите во болница.
Уште 22 монаси и еден цивил се повредени во несреќата, а четворица од повредените се во критична состојба.
Шефот на полицијата на покраината Мукдахан, генерал-мајор Паирој Таџпутра, изјави дека 11-годишното момче со посебни потреби земало пикап од семејната куќа и возело околу 10 километри пред да се судри со групата монаси.
Полицијата сè уште не поднела обвиненија, бидејќи истражителите сè уште ги утврдуваат околностите на несреќата, рече Таџпутра.
Тој додаде дека полицијата сè уште не можела да разговара со момчето бидејќи сè уште е во состојба на шок и не е во можност да даде изјава, пренесува Танјуг.

