Кумановец приведен за издржување затворска казна за „безобѕирно возење“

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишник од Куманово бил приведен за издржување затворска казна за „безобѕирно возење“.

– На 30.06.2026 во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од Куманово, кој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело – „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од полицијата, е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ со зајакнати позиции во новата Влада