Тинејџер од кумановско возел мотор без дозвола, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва откако полицијата го сопрела како управува мотор без да поседува возачка дозвола.

– На 29.06.2026 во 01:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(18) од село Режановце, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без да поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авионско прскање против комарци неделава во Куманово

Никола Ивановски