Авионско прскање против комарци неделава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Авионско прскање против комарци ќе биде спроведено на територијата на Општина Куманово во четврток, 2 јули, во раните утрински часови.

Третманот ќе започне во 5 часот, а ќе опфати површина од 1.270 хектари.

Со авионското прскање ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во село Добрашане.

За третманот ќе биде употребен препаратот Aqua Perm-X 30-30, а надлежните апелираат до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТК Тумба од Куманово го освои третото место во Машката тениска лига на Македонија

Доколку временските услови не дозволат спроведување на авионското прскање во предвидениот термин, третманот ќе биде реализиран првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови.

Никола Ивановски