Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 33 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско е прогласен жолт метео аларм за опасност од високи температури.

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно, но уште потопло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од источен и североисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне високи 35 степени целзиусови.

Недела носи претежно сончево и многу топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од исток и североисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 35 степени целзиусови.

Почетокот на претстојната работна недела носи уште повисоки максимални температури кои ќе достигнуваат и до 37 степени.
Никола Ивановски

