Започна реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започнува реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Куманово, на потегот од улицата „11 Октомври“ до улицата „11 Ноември“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Проектот ќе се реализира во рамки на вториот владин повик и предвидува целосна реконструкција на постојната руинирана асфалтна површина.

 

 

Според најавата, ќе биде извршено вадење на постојните рабници, машински ископ и продлабочување на тампонскиот материјал, по што ќе следува поставување нов тампонски слој и негово машинско набивање.

 

 

Проектот опфаќа и изградба на тротоарска конструкција, поставување нови бетонски рабници, изведба на нов асфалтен коловоз со носив слој од битуменизиран асфалт, како и поставување нов завршен асфалтен слој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се разгледуваат опции за кредит за нова механизација за јавните претпријатија (ВИДЕО)

 

 

Предвидено е и решавање на одведувањето на атмосферските води преку надолжно и попречно одводнување со поставување сливници.

– Со реализација на овој проект значително ќе се подобрат безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура на овој важен патен правец во Куманово, соопшти градоначалникот Димитриевски.

 

 

Улицата „Индустриска“ претставува една од поважните сообраќајници во индустрискиот дел на градот, а со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за движење на возилата и пешаците.

 

 

 

 

 

Никола Ивановски