Приведен 31-годишен кумановец, возел мотор без да има положено

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотор без да има положено возачи испит.

– На 23.06.2026 во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.П.(31) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со скопски регистарски ознаки, кој го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува монтажата на системот за греење и вентилација во Спортската сала во Куманово (ФОТО)

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против Б.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски