Приведен 52-годишен кумановец. Возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел мотор без дозвола.

– На 22.06.2026 во 18:25 часот на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.С.(52) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од СВР Куманово, против Т.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пироманите не се казнуваат соодветно. Димитриевски ќе бара средба со обвинителите (ВИДЕО)

Никола Ивановски