Запалени бакарни жици предизвикале пожар во Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Запалени бакарни жици вчеравечер предизвикале пожар на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во населбата Перо Чичо во Куманово.

– На 22.06.2026 во 22:59 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово настанал пожар, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што се додава, увид на местото на настанот извршиле полициски службеници, при што било утврдено дека пожарот бил предизвикан од запалени бакарни жици.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица од Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Од кумановската полиција потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите опции се отворени во реконструкцијата на Владата, утре конечна средба (ВИДЕО)

Никола Ивановски