Иран во понеделник објави дека одржал „кратки разговори“ со Соединетите Американски Држави за нивната нуклеарна програма за време на разговорите во Швајцарија, но инсистираше дека разговорите за ова прашање сè уште не се започнати.
„Една од точките што ги истакна американската делегација беше презентирањето на нејзините ставови за нуклеарното прашање“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаеи.
„Имаше многу кратка дискусија за нуклеарното прашање, но немаше дискусија за деталите и не може да се каже дека преговорите за нуклеарното прашање се започнати“, додаде тој, според АФП.

