Двајца приведени во Пелинце, нападнале обезбедување и полицајци

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце викендов откако нападнале обезбедување и полициски службеници.

– На 21.06.2026 во 04:40 часот во Меморијален центар АСНОМ во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Р.(41) и Б.Р.(39), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, лицата биле приведени по претходна пријава дека во Меморијален центар физички нападнале вработен во агенција за обезбедување, а потоа се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски