Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови.

Попладне, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападнала малолетничка на автобуска постојка, ќе одговара за насилство

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне високи 33 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено и жолто метео предупредување за високи температури.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време. Во текот на претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло, а попладне се можни услови за дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум ќе достигне 29 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од север и североисток. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 31 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виктор од Куманово победи во „Никогаш не е доцна“

Четврток носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 32 степени целзиусови.

 

 

Сончево и многу топло време со мала облачност ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до високи 32 степени целзиусови.

Сабота носи уште повисоки температури. Ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 71-годишен кумановец кој возел пијан

И во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 34 степени целзиусови.

 

 

Високите температури ќе се задржат и во следната работна недела, кога ќе имаме и високи 36 степени.

Никола Ивановски