Регионалниот здравствен институт на бугарскиот град Варна денес објави дека пливањето е забрането на плажата Офицер во тоа одморалиште, поради особено високи нивоа на ешерихија коли и цревни ентерококи во морето.
Во соопштението се наведува дека на плажата ќе биде поставен предупредувачки знак за посетителите, дека пливањето во ова подрачје е привремено забрането, јавуваат локалните медиуми.
Регионалниот гувернер на Варна свика состанок со учество на Регионалниот здравствен инспекторат и концесионерите на плажите со цел да се идентификуваат механизми за построга контрола на чистотата и следење на морската вода, пренесува Танјуг.

