Кумановка нападнала малолетничка на автобуска постојка, ќе одговара за насилство

Сподели со своите пријатели

Кумановка доби кривична пријава за „насилство“, под сомнение дека фрлила телефон на малолетничка, по што ја турнала, а таа се здобила со повреди.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот како што појаснуваат од МВР; се случил на 27.05.2026 на автобуска постојка во Куманово.

– По претходна расправија. пријавената фрлила мобилен телефон на малолетничка и ја турнала, при што малолетничката се удрила од автобуската постојка, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 71-годишен кумановец кој возел пијан