Финска од САД купува бомби за своите ловци Ф-35

Сподели со своите пријатели

Финска ќе купува американски бомби за своите ловци Ф-35, објави денес финското Министерство за одбрана.

Според извештаите, бомбите се „GBU-53 SDB II“, пренесува Ројтерс.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен рече дека купувањето претставува нова способност што ја зајакнува финската одбрана „во тешки услови“.

„GBU-53 SDB II е прецизно водена бомба способна да погодува подвижни цели на средни растојанија во неповолни временски услови“, објави Министерството за одбрана.

Пакетот за купување вклучува резервни делови, документација, транспорт, обука, услуги за поправка и поддршка, според Ројтерс и потсетува дека, поради малата големина на бомбата, еден авион Ф35 ќе може да носи повеќе муниција SDB II, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија распоредува два брода во Црвеното Море