Aвион се урна на автопат во Тексас, загина едно лице, петмина повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а петмина беа повредени кога мал авион со шест патници се урна и се запали на автопат во американската држава Тексас.

Несреќата се случила во градот Ларедо, на државниот автопат, во вторник вечерта, малку по 22:00 часот по локално време, пренесува АП.

Според агенцијата, нема информации за повредени во возила на автопатот.

Видео објавено на интернет покажува како авионот се превртел на страна, удирајќи во преграда на автопатот.

Ларедо се наоѓа во јужниот дел на Тексас, директно на границата со Мексико.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судир на патнички возови во Лондон: Едно лице загина, 33 тешко повредени