Кумановец возел со 1,93 промили алкохол, приведен во населбата Карпош

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека управувал возило под дејство на алкохол.

– На 14.06.2026 во 20:30 часот на улица „100“ во населба Карпош, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода П.Т.(44) од село Тромеѓа, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1, 93 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30 степени

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски