Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж

Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири меѓународни културни и спортски настани се одржаа викендов во Куманово

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна ќе достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со умерен до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 27 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди, но и нестабилност проследена со дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

Четврток носи претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Досега запишани 863 првачиња во Куманово, бројката речиси идентична со лани (ВИДЕО)

 

 

И во петок ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер, а температурата ќе се движи околу 14 степени во утринските часови, до 29 степени целзиусови во текот на денот.

Сабота носи претежно сончево и многу топло време време со слаба облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 31 степен целзиусов.

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косовец приведен во кумановско, превезувал брендирана стока

 

 

Следената работна недела носи претежно сончево и многу топло време со максимални температури над 30 степени целзиусови.

Никола Ивановски