Нов удар на украински дронови врз руската енергетска инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Украинските вооружени сили извршија напад со беспилотни летала на нафтена пумпна станица во Жирновскиот регион во областа Волгоград, соопшти гувернерот на тој регион Андреј Бочаров.

Според него, остатоците од соборените дронови паднале на територијата на линиската производствена и диспечерска служба, по што избувнал пожар.

„Пожарот е брзо изгаснат, нема повредени“, изјави Бочаров, според соопштението на подрачната управа.

Локалниот портал V1.ru објави дека нападнатиот објект е една од важните точки во главниот систем за транспорт на нафта.

Нападот на регионот на Волгоград уследи по неколку удари на украински беспилотни летала врз руската енергетска и транспортна инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските лидери се подготвени да ги поддржат преговорите за прекин на огнот меѓу Украина и Русија

Претходно беше објавено дека авион без екипаж удрил во патнички воз на релација Москва – Симферопол.

Според руски извори, во нападот загинал помошникот на возачот, додека возачот е повреден, а според првичните податоци, патниците не се повредени.