ДОАЃА ЦИКЛОН: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m 2 ), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Савиќ од Куманово ќе игра за германскиот Туру Диселдорф