МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи од денеска до 7 јуни спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон мотоциклисти, возачи на мопеди и електрични тротинети, во рамки на заедничка европска акција на асоцијацијата ROADPOL.

Во акцијата, покрај Македонија, учествуваат уште 34 европски држави, а целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои се вклучени возила на две тркала.

Од МВР информираат дека контролите ќе бидат насочени кон откривање и санкционирање на прекршоци поврзани со користење на заштитна опрема, техничката исправност на возилата, поседување право на управување, како и почитување на сообраќајните правила и прописи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе биде домаќин на првиот меѓународен карате турнир „Куманово Опен 2026“

Поради потоплото време и зголеменото присуство на мотоцикли, мопеди и електрични тротинети во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени превентивни и репресивни мерки на патиштата низ целата држава.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел да придонесат за поголема безбедност и заштита на сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Никола Ивановски