Куманово ќе биде домаќин на првиот меѓународен карате турнир „Куманово Опен 2026“

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Башкими 2002“, предводен од тренерот Мурсел Мисини, на 13 јуни во Спортската сала во Куманово ќе го организира првото издание на меѓународниот карате турнир „Куманово Опен 2026“.

Според најавите на организаторите, на турнирот се очекува учество на голем број натпреварувачи од повеќе земји, меѓу кои и каратисти со европски и светски успеси.

Настанот претставува можност за промоција на карате спортот, но и за афирмација на Куманово на меѓународната спортска сцена.

 

 

Организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на турнирот и да уживаат во атрактивни карате настапи, како и поблиску да се запознаат со овој спорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово за 2026 година (ФОТО)

Воедно, упатен е апел и до компаниите, бизнисмените и сите општествено одговорни субјекти да го поддржат организирањето на настанот во согласност со своите можности.

Според организаторите, финансиската поддршка ќе придонесе за успешна реализација на турнирот и достојно претставување на градот пред бројните домашни и странски гости.

„Куманово Опен 2026“ има амбиција да прерасне во традиционален меѓународен спортски настан и да стане нова спортска гордост на Куманово.

Никола Ивановски