Теории на заговор кружат на интернет откако американскиот претседател Доналд Трамп не се појави во јавност седми ден по ред, што покрена нови сомнежи за неговото здравје, објавува „Дејли стар“.
Новинарот Арон Рупар коментираше на својот X профил дека Трамп не се појавил во јавност од 27 мај, кога присуствувал на состанок на кабинетот.
Сите појавувања се однапред снимени интервјуа.
„Наречете ме старомоден, но мислам дека треба да биде поголема приказна тоа што не сме го виделе претседателот на Соединетите Американски Држави во живо на телевизија речиси една недела. Тоа се случува на почетокот на секој месец…“ напиша еден човек на X, истакнувајќи дека претседателот на Соединетите Американски Држави не се појавува јавно на почетокот на секој месец.
Друг корисник продолжи со коментар дека „се чини чудно што претседателот кој живее пред камерите една недела не се појавува во јавност повеќе од еднаш месечно“.
Трета посета на медицинскиот центар
Дополнителна љубопитност кај јавноста предизвика откритието дека Трамп поминал неколку часа во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ еден ден пред состанокот на кабинетот, што е веќе трета таква посета во изминатата година.
„Први во месецот е, време е за неговите месечни третмани. Очекувајте големи модринки на рацете и отворени рани на други делови од неговото тело во следните неколку дена“, забележа еден корисник, алудирајќи на интернет теориите за повторените модринки на рацете на претседателот.
Трамп, кој наполнува 80 години на 14 јуни, минатиот вторник изјави дека неговиот шестмесечен преглед во Националниот медицински центар покажал дека „сè е совршено“.
Сепак, медицинските експерти не се согласија со тие заклучоци и веруваат дека се направени грешки во проценката.
„Тој извештај е речиси премногу добар за да биде вистинит за некој на негови години“, изјави хирургот од Тексас, Вилијам Шутце, за „Волстрит џурнал“. „Се чини дека ова е филтрирана приказна“.

