Времето денеска ќе биде сончево, а во планинските подрачја со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 11, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 26 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со незначителна облачност и слаб ветер од северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.
Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата.
Loading...