Во Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово вчеравечер беше отворена групната годишна изложба на учениците од прва до четврта година од СОУ „Перо Наков“, кои посетуваат настава по стручни предмети од областа на уметноста.

Посетителите имаа можност да разгледаат богата поставка од уметнички творби изработени во текот на повеќе учебни години.

Изложбата опфаќа дела реализирани во различни графички техники и форми, меѓу кои графички дизајн, минорез, миногравура, сува игла, графика во боја, дигитална графика, како и цртежи и слики изработени во повеќе техники.

На културно-уметничкиот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, членови на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

Никола Ивановски

