Приведен 42-годишен кумановец, возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец вчера претпладне бил приведен откако полицијата констатирала дека вози мотор без дозвола.

– На 06.05.2026 во 11:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Б.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  The Yard Lounge Bar слави 10 години – роденденски викенд со AREA и 2BE Band

Никола Ивановски