Две лица од Куманово биле приведени ноќва по пријава дека физички нападнале дваесет и деветгодишник.
– На 07.05.2026 во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.С.(25) и Е.С.( 24) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Иван Цанкар“ во Куманово физички го нападнале С.Д.(29) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

