Едно од ретките места во Куманово каде живата музика е дел од викенд традицијата, The Yard Lounge Bar овој викенд одбележува значаен јубилеј – 10 години постоење, музика, дружења и незаборавни ноќи.
По повод 10-тиот роденден, The Yard подготви специјален роденденски викенд со две музички вечери.

На 9 мај (сабота), со почеток од 21 часот, пред публиката ќе настапи AREA, бенд препознатлив по својата емоција, специфичен звук и песни што оставиле трага на македонската музичка сцена.
Прославата продолжува и на 10 мај (недела) од 20 часот, кога атмосферата ќе ја подигне 2BE Band, со енергичен настап и музика што обединува генерации.

Од The Yard велат дека ова не е само прослава на еден јубилеј, туку славење на сите моменти, пријателства и спомени создадени во изминатите десет години.
Сместен во автентичен амбиент, во дворот на историската куќа на кумановскиот фотографски мајстор Сифрид Трајковски-Миладинов, објект со богата локална историја од првата половина на XX век, The Yard веќе една деценија претставува препознатливо место за излегување, добра музика и квалитетна атмосфера во градот.

За присуство, резервациите се препорачуваат навреме на телефон +389 31 611 974, или преку нивните профили на Facebook и Instagram.
View this post on Instagram

