Ќе бидат потребни повеќе од десет години за Киев да се приклучи на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европската комисија (ЕК) смета дека на Украина ќе ѝ бидат потребни најмалку 10-15 години за да ги исполни условите за пристапување во ЕУ, објавува британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на претставници на ЕК.

„На Украина ќе ѝ бидат потребни 10-15 години за целосно да ги исполни условите за пристапување“, пишува весникот.

Володимир Зеленски претходно побара ЕУ да ја прими Украина во блокот во 2027 година. Сепак, како што објави списанието „Економист“ во април, голем број европски земји се противат на пристапувањето на Киев во блокот, делумно поради проблемите со корупцијата во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинец со нож нападнал група туристи на Халкидики, мислејќи дека се Руси

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, призна дека земјите-членки на ЕУ не се подготвени да го објават датумот на пристапување на Украина.