Огромна површина претходно исечени дрва на државно земјиште вчера биле зафатени од пожар селото Арбанашко во Општина Старо Нагориачне.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал вчера околу 13 часот при што гореле повеќе суви дрва од бука, смрека и други, кои биле претходно исечени.

– Зафатена е поголема површина од околу 10 хектари,теренот е многу лош, се наоѓа странично во дол и се гаси рачно со напратнњачи, велат од РЦУК.

Командирот на ТППЕ Старо Нагоричне известил дека пожарот е локализиран доцна ноќва околу 2:15 часот, но се уште е активен.
Моментално горат букови трупци кои имаат обем по еден метар и ќе треба време да се изгаснат.

Во гаснењето интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 3 возила и 9 пожарникари, ТППЕ Куманово со 1ПП возило и 4 пожарникари, двајца вработени со едно возило на Шумско стопанство Куманово.

Причина за пожарот, како што се додава е намерно потпалување, а матрејалната штета е голема.

Пумски пожар вчера имало и во липковско Ваксинце, каде горела борова и ниска дабова шума. На терен интервенирале четворица пожарникари на ТППЕ Куманово во период од 15:15 до 23:40 часот.







Никола Ивановски / фото: ТППЕ Старо Нагоричане

