Ракометарите на Куманово викендов го совладаа составот на РК Струга во рамки на плеј-аут лигата од машкиот шампионат.
Во првиот дел од средбата кумановци направија солидно водство кое им помогна да стигнат до крајната цел. На полувреме се замина со 7:12.
Во вториот дел од средбата, домаќинот се обиде да ја стигне предноста, но кумановци не отспатуваа од желбата да ја продолжат победничката низа, па мечот заврши со конечни 25:27.
Со 10 голови најефикасен во тимот на Куманово беше Тоше Ончев, а шест погодоци реализираше и Египќанецот Мамду.
Во составот на Струга со шест голови најефикасен беше Костов.
Никола Ивановски

