33-годишен кумановец возел мотор без дозвола, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотор без да има положен возачки испит.

– На 04.09.2026 во 16:20 часот на улица „Тонко Димков“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С.(33) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мотоцикл без регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест деца затруени за еден месец во Куманово, лекарите со совети за родителите (ВИДЕО)

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против Б.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски