Тригодишно дете од кумановско вчера завршило во кумановската болница поради труење со инсектициди.
– На 04.09.2026 во 17:30 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од кумановско село кое било затруено со инсектициди, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Ова е седми случај на затруено дете со некаков вид опасна материја во кумановско, поради што лекарите упатуваат апел до родителите за поголема внимателност.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски
ПРОЧИТАЈТЕ И: Шест деца затруени за еден месец во Куманово, лекарите со совети за родителите (ВИДЕО)

