Пари биле украдени од просторија на туристичка агенција во Куманово ноќта помеѓу четврток и петок.
– На 04.09.2026 во 09:32 часот во СВР Куманово е пријавено дека во периодот помеѓу 02:20 часот и 09:00 часот на 04.09.2026 година, од просторија на туристичка агенција во Куманово биле одземени пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

