Педесет и седумгодишен кумановец вчеравечер бил пронајден починат во возило паркирано на паркинг кај Здравствен дом Куманово.
– На 04.09.2026 во 19:46 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека на паркинг просторот во Општа болница Куманово, во патничко возило со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.В. (57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Никола Ивановски

