53-годишна кумановка пријавена за исчезната

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишна жена од кумановското село Биљановце вчеравечер била пријавена за исчезната.

– На 19.04.2026 година во 21:45 часот во СВР Куманово, Е.В. (25) од село Биљановце, кумановско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината тетка С.В.(53), која имала здравствени проблеми, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен сопственикот на ФК Башкими по инцидент на мечот со Струга