Катар го запре производството на течен природен гас: Цените веднаш скокнаа!

Сподели со своите пријатели

Во понеделник, Катар го запре производството на течен природен гас (ТПГ), а поради израелските и американските напади и иранските контранапади, гасните и нафтените полиња низ целиот Блиски Исток беа затворени како мерка на претпазливост.

Катар произведува околу 20 проценти од ТПГ во светот и е втор најголем извозник по САД.

Осумдесет и два проценти од неговите клиенти се од Азија.

Референтните цени на големо на гасот во Холандија и Велика Британија се зголемија за речиси 50 проценти во понеделник откако големиот извозник на течен природен гас (ТПГ) „Катар Енерџи“ го прекина производството поради напади на Блискиот Исток, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кипар: Аеродромот привремено евакуиран поради дрон

Околу 20 проценти од светскиот ТПГ поминува низ Ормутскиот теснец, а подолгото суспендирање или целосно затворање на таа рута би ја зголемило глобалната конкуренција за други извори на гас, што повторно би ги зголемило цените на меѓународните пазари.

Проблеми и во производството на нафта

Саудиска Арабија ја затвори својата најголема рафинерија по нападот со беспилотни летала, соопштија два извори.

Бранот напади, кој влезе во својот трет ден, го запре поголемиот дел од производството на нафта во Ирачки Курдистан, како и неколку гасни полиња во Израел, што доведе до намалување на испораките за Египет.

Повеќето сопственици на танкери, нафтени компании и трговски куќи ги прекинаа испораките на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку Ормутскиот теснец, соопштија трговски извори, откако Техеран ги предупреди бродовите да не пловат по морскиот пат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Не сме во војна и покрај нападот со дронови врз база на Кипар

Цената на нафтата се зголеми за 13 проценти над 82 долари за барел, што е највисоко од јануари 2025 година.

Иран, трет најголем извозник на нафта во рамките на ОПЕК, задоволува околу 4,5 проценти од глобалните потреби.