Приведен кумановец кој возел со над 3 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишен кумановец бил приведен денеска откако полицијата утврдила дека возел со над три промили алкохол.

– Денеска (28.02.2026) во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ц. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управувал моторно возило со 3,08 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат ЖРК Астибо

– Б.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски