Порака од Техеран: „Агресорите ќе се покаат за своите злосторства“

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Исламската Република Иран даде изјава по воздушните напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран.

Во соопштението се наведува дека нападите биле извршени во пресрет на Новруз (иранска Нова Година) и во текот на месецот Рамазан и дека тие претставуваат грубо кршење на суверенитетот и меѓународното право.

„Иран повторно беше цел на брутална и нелегална воена агресија од страна на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим. Утрово, во пресрет на празникот Новруз и за време на светиот месец Рамазан, со грубо кршење на територијалниот интегритет и националниот суверенитет на Исламската Република Иран, тие извршија серија воени напади врз цели и одбранбена инфраструктура, како и врз цивилни објекти во различни делови од земјата. Повторената воена агресија на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим против Иран е чин на отворена агресија во околностите во кои Иран и САД беа во дипломатски процес“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот врз Иран

Во соопштението се нагласува дека ова е нелегална агресија, кршење на меѓународното право и сериозна закана за регионалниот и меѓународниот мир.

„Иако САД и ционистичкиот режим се обидоа да ја прикажат оваа агресија како превентивна, на целиот свет му е јасно дека тоа е уште еден нелегален чин, кршење на меѓународното право и целосен недостаток на легитимитет. Со ова уште еднаш укажуваме на сериозната закана што ваквите акти ја претставуваат за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Иранскиот народ денес е свесен за својата одговорност да спречи војна и да ја брани татковината. Сепак, во случај на наметната агресија, Исламската Република Иран го задржува правото на легитимна одбрана во секое време и на кој било начин. Вооружените сили на Исламската Република Иран решително ќе одговорат на агресорите.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МНР: Македонците да се воздржат од патувања кон Блискиот исток

Исламската Република Иран побара од Обединетите нации и Советот за безбедност итна акција за справување со кршењето на меѓународниот мир и безбедност поради отворената воена агресија на САД и Израел. Иранските власти очекуваат претседателот и членовите на Советот за безбедност веднаш да ги исполнат своите обврски.

„Исламската Република Иран смета дека е своја должност да побара итна акција од Обединетите нации и Советот за безбедност за справување со нарушувањето на мирот и меѓународната безбедност поради отворената воена агресија на САД и ционистичкиот режим против Иран. Се очекува претседателот и членовите на Советот за безбедност итно да ги исполнат своите обврски. Од сите земји-членки на Обединетите нации, особено исламските и регионалните земји, како и од членовите на Движењето на неврзаните и од сите држави кои се чувствуваат одговорни за меѓународниот мир и безбедност, се очекува јасно да го осудат овој чин на агресија и да преземат итни и заеднички мерки за спротивставување на заканата за мирот и безбедноста во регионот и светот.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто САД и Израел го нападнаа Иран: Колку е Техеран блиску до нуклеарна бомба?

Иран вели решителен одговор на агресијата.

„Во време кога се соочуваме со големо историско искушение, вооружените сили на Исламската Република Иран, потпирајќи се на божествена помош, мудро водство и поддршка од чесниот народ, ќе ја бранат честа, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран. Историјата сведочи дека иранскиот народ никогаш не се предал на агресија и насилство, ниту на угнетување и закани. И овој пат, одговорот на иранската нација ќе биде решителен и силен, а агресорите ќе се покаат за своите криминални дела“, се наведува на крајот од пораката.