Бројот на жртви од поплавите во Бразил се искачи на 46

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од поплавите во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, додека 21 лице се водат како исчезнати, објавија властите.

Поплави и лизгања на земјиштето ги погодија градовите Хуиз де Форе и Уба, кои се оддалечени околу 110 километри, принудувајќи околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови, објави Ројтерс.

Иако дождовите престанаа во вторник вечерта, властите и волонтерите сè уште работат на помагање на луѓето кои ги загубија своите домови.

Градоначалничката на Хуиз де Фора, Маргарида Саломао, ги повика жителите на областите со висок ризик да ги напуштат тие места и да побараат засолниште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Nvidia со рекордни приходи, побарувачката за чипови за вештачка интелигенција продолжува

Помошта беше забрзана и од бразилската федерална влада, која испрати медицински екипи и експерти за национална одбрана.

Поплавите и лизгањата на земјиштето во Бразил станаа вообичаени за време на летната дождовна сезона, која трае од декември до март, носејќи интензивни врнежи од дожд и природни катастрофи.

Овој февруари, градот Хуиз де Фора го забележа највисокото ниво на врнежи во историјата, повеќе од двојно повеќе од вообичаената количина за овој месец, пренесува Танјуг.