Цените на кафето би можеле дополнително да пораснат

Сподели со своите пријатели

Клучните региони за одгледување кафе секоја година доживуваат повеќе топли денови предизвикани од климатските промени, намалувајќи ги приносите и зголемувајќи ги цените, според најновата студија.

Температурите над 30 степени целзиусови се „исклучително штетни“ за растенијата Арабика, доминантната сорта што сочинува околу 60-70 проценти од глобалното производство, додека се „неоптимални“ за сортата Робуста што го сочинува остатокот, објавува BHRT.

Според анализата на оваа независна истражувачка група, 25-те земји што произведуваат речиси целото кафе во светот имале просечно уште 47 дена топлина што му штети на кафето во периодот од 2021 до 2025 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француските продавници користат вештачка интелигенција за фаќање крадци

Пет земји што сочинуваат 75 проценти од глобалното производство на кафе, Бразил, Виетнам, Етиопија и Индонезија, имале високи температури 57 дена.

Кристина Дал, потпретседател за наука во групацијата „Клајмат сентрал“, изјави дека климатските промени претставуваат сериозна закана за производството на кафе, објавува „Дојче Веле“.

„Речиси секоја голема земја што произведува кафе сега доживува повеќедневни екстремни горештини што можат да ги оштетат растенијата кафе, да ги намалат приносите и да влијаат на квалитетот. Со текот на времето, овие влијанија можат да се прошират од фарма до потрошувач, директно на квалитетот и цената на вашето секојдневно кафе“, рече таа.

Според групацијата Климат Сентрал, неодамнешното зголемување на цените на кафето низ целиот свет е „барем делумно“ предизвикано од екстремните временски услови во регионите каде што се одгледува кафе, а улога играат и американските царини за увоз од Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индустриското производство во ЕУ се намали во декември 2025 година