Националистичката партија на Бангладеш (БНП) денеска прогласи победа на парламентарните избори, први по бунтот во 2024 година со кој заврши 15-годишното владеење на поранешниот премиер Шеик Хасина.
Конечните резултати од изборите се уште не се познати, а коалицијата предводена од партијата Џамаат-е-Ислами, главниот ривал на БНП, изрази сериозна загриженост за интегритетот на изборите.
Неколку локални медиуми објавија дека БНП, според проекциите, го преминала прагот од 150 места, обезбедувајќи мнозинство во парламентот.
Телевизијата Џамуна од Бангладеш процени дека БНП освоила 212 места, додека Џамаат-е-Ислами освоила 74 места.
Портпаролот на БНП, Рухул Кабир Ризви, ја прогласи победата на партијата на изборите набргу откако локалните медиуми го објавија тоа.
Партијата Џемаат-е-Ислами, сепак, соопшти дека „не е задоволна од процесот на утврдување на изборните резултати“, тврдејќи дека забележала „повторени недоследности и измислици во неофицијалното објавување на резултатите“.
Се очекува во текот на денот изборната комисија да ги објави конечните резултати од изборите, пренесува француската новинска агенција АФП.
Изборите во земјата се одржаа откако студентските протести ескалираа во општо бунт и брутално задушување во кое загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а поранешната премиерка Хасина беше соборена од функцијата.
Нејзината партија, Авами лигата, беше забранета во земјата, па главни конкуренти на изборите беа БНП и коалицијата предводена од партијата Џамаат-е-Ислами.

