МКК Куманово со фуриозен почеток до убедлива победа против Кожув (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на МКК Куманово ја искористија предноста на домашниот терен и стигнаа до убедлива победа против Кожув.

 

 

Прашањето околу победникот практично беше решено уште во воведната четвртина, во која домашниот состав наметна силно темпо и направи двоцифрена предност.

 

 

Кумановци фуриозно го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа високи 31:15. Продолжија во ист ритам и на почетокот на вториот период, кога предноста ја зголемија на 20 поени (35:15).

 

 

Гостите од Гевгелија потоа се обидоа да се вратат во натпреварот, предводени од расположениот Бурис, кој во таа фаза постигна 15 поени. Кожув успеа да ја намали негативата, но МКК Куманово на одморот замина со сигурни 51:34.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово со победа од 3:1 против Козјак

 

 

Сите надежи на гостинскиот состав за резултатски пресврт беа прекинати на почетокот на третата четвртина. Домашните кошаркари направија серија од 10:0 и се одлепија на убедливи 61:34, по што рутински ја контролираа предноста до конечните 91:74.

 

 

Кај МКК Куманово, петмината стартери имаа двоцифрен поентерски учинок. Гуден беше најефикасен со 21 поен, Крстевски постигна 19, Стајиќ 16, Стевановиќ 14, додека Фундиќ оствари дабл-дабл со 12 поени и 12 скока.

 

 

Во гостинскиот состав, Бојчев беше најдобар стрелец со 22 поени и пет асистенции. Бурис заврши со 17 поени и пет скока, а Армстронг придодаде 12 поени, шест асистенции и четири скока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

 

 

По пет одиграни кола, МКК Куманово и Кожув имаат идентичен биланс од три победи и два порази, со што ги делат позициите во горниот дел од суперлигашката табела.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски