ГФК Куманово забележа нова победа во првенството на Третата лига, откако на гостувањето против ФК Козјак славеше со 1:3.
Кумановци одлично го започнаа натпреварот и уште во почетната фаза стекнаа предност од 0:2.
Во листата на стрелци се запиша Никола Стевчевски, додека Андреј Јовановски го зголеми водството на гостинскиот тим.
Домашната екипа успеа да ја намали негативата на 1:2 непосредно пред крајот на првото полувреме, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот.
Сепак, во второто полувреме ГФК Куманово го потврди триумфот. Капитенот на екипата на овој натпревар, Андреј Јовановски, по вторпат ја затресе противничката мрежа и ги постави конечните 1:3.
Со оваа победа, ГФК Куманово продолжува со позитивните резултати, а во последното коло од есенскиот дел на првенството ќе игра на домашен терен против ФК Речица.
Никола Ивановски

